Отворено писмо до сите револуционерни организации и активисти

На самиот почеток на нова политичка Фаза: За единство на сите револуционери во борбата против Напредувањето на контрареволуцијата!

Издадено од Револуционерна Комунистичката Интернационална Тенденција (RCIT), 2015/12/29, www.thecommunists.net

 

 

Како што кризата на капитализмот се продлабочува и носи со себе сѐ повеќе војни и мизерија, работничката класа и угнетените се сѐ повеќе политички дезориентирани од страна на нивните реформистички и популистички раководства. Резултантната политичката парализа е огромна опасност за народните маси кои се соочуваат со нова политичка фаза на контра-офанзива од страна на буржоазијата. Во таква ситуација, од најголема итност е за револуционерите да напредуваат во борбата за еден нов свет, Партијата на Социјалистичка револуција и со тоа, како прв чекор, да се залагаат за единство кое е основано на договор за клучните програмски и организациски задачи на класната борба денес .

 

Сегашната ситуација во светот не може да се разбере надвор од контекстот на глобалниот историски период кој почна со Големата рецесија во 2008 година. Овој долг период се карактеризира со пад на стапката на профит и распаѓање на капитализмот. На оваа позадина, буржоазијата од целиот свет има сѐ помал простор за маневрирање и да направи какви било отстапки кон работничката класа.

 

Како резултат на тоа, капиталистите се принудени да ги засилат своите напади врз работничката класа и врз народните маси, како што е примерот со бројни мерки на присилно штедење и програмите за присилна приватизација во Грција, Португалија, Шпанија, Бразил, Јужна Африка, итн, како и нападите врз правата на работниците, во Кина, Јужна Кореја, Камбоџа и Виетнам.

 

Заради истата причина империјалистичките монополи ја зголемуваат супер-експлоатација на полуколонијалните земји (т.н. "Трет свет") што резултира со варварски ММФ програми, програми за отплата на долгот, грабање на земја и пораст на сиромаштија, како што може да видиме во Африка и Латинска Америка, како и во многу други земји, како Индија и Пакистан, да ги наведеме само најголемите и најистакнатите. Понатаму, големите сили и нивните лакеји се повеќе носат копнени сили, воени бродови и воздухопловни сили да го прошират своето влијание во Јужните делови (на пример, на НАТО во Авганистан, Сирија и Ирак; руската интервенција во Сирија; француската интервенција во Мали и Централна Афричка Република; кинески војници во Јужен Судан, Мисијата на Африканската унија во Сомалија, итн.)

 

Исто така, со распаѓањето на капиталистичкиот систем се заострува ривалството меѓу империјалистичките големите сили (САД, ЕУ, Јапонија, Кина и Русија). Тоа можеме да го видиме со зголемување на бројот на конфликти меѓу Големите сили во нивните тековни сфери на влијание (на пример, во Украина, во Сирија или во Источна Азија). Други манифестации на ова ривалство се различни проекти на империјализмот на САД (на пример, TTP и договорите за слободна трговија TTIP), како и на новите Источни империјалисти (Кина и Русија), кои сѐ повеќе се предизвик за хегемонијата на старите Западни империјалисти (на пример, проектот на Кина во Никарагва за развој на канали, новата Банка за развој, управувана од БРИКС како алтернатива на доминантно американските и европските, Светската банка и Меѓународен монетарен фонд, за ширење на трговијата во Јуан и Рубља и др.)

 

Како резултат на зајакнување на овие противречности во светскиот капиталистички систем е зголемувањето на бројот на класни борби, народни востанија, реакционерни контраофанзиви, државни удари и војни. Арапската револуција, која започна во декември 2010 година, е одличен пример за ова: работничката класа и сиромашните ги збришаа бруталните диктатори како Бен Али, Гадафи, Мубарак и Салех. Но, зашто либералните и исламистички раководства не можеа да понудат визија за иднината , тие, исто така, претрпеа ужасни порази како што беа задушувањето на демократските протести во Бахреин, државниот удар на генералот Сиси во Египет, како и враќање на старата гарда на Бен Али во Тунис. Во Либија Големите сили ги поддржуваат реакционерните сили околу Генерал Хафтар и се трудат да ја принудат на буржоаско-исламистичката влада во Триполи да капитулира. Во Јемен, Саудиските сили со својата марионета Хади ја окупираа земјата, со цел да се уништи Јеменската револуција.

 

Во Сирија револуционерната ослободителна борба продолжува, но се соочува со големи закани. Смртоносната диктатурата на Башар ал Асад - со голема поддршка на рускиот империјализам, како и од Иран - продолжува со војната за уништување на сопствениот народ. Во исто време, Сириската револуција е загрозена од подемот на контрареволуционерните Даеш (т.н. "Исламска држава"). Последно, но не и најмалку важно, е дека сите Големите сили се обединети во нивната решеност да ја ликвидираат Сириската револуција, бидејќи тие се плашат од дестабилизација на империјалистичкиот поредок во целиот регион, како и растечките бранови на бегалци кои доаѓаат во Европа.

 

Бранот на народни борби во Латинска Америка во текот на изминатата деценија формираше позадина за избор на голем број на буржоаски популисти и влади на Народен фронт (на пример, Лула да Силва / Русеф во Бразил, Чавез / Мадуро во Венецуела, Моралес во Боливија, Кореа во Еквадор, а Киршнер во Аргентина). Овие влади - доминирани од страна на буржоазијата и владеењето на нивните интереси, но, исто така и врз основа на поддршка на работниците и граѓанските организации - можеа да им понудат некои отстапки на народните маси, бидејќи овие земји имаа одреден економски пораст заради интензивирање на трговијата со Кина, како и големите странски кредити и инвестиции направени таму од страна на новата Источна империјалистичката сила. Меѓутоа, со забавување на економијата на Кина и на интензивирање на напорите на империјализмот на САД да ја поврати хегемонија во својот "двор", буржоаско-реформистичкиот модел на Кастро-Чавизмо е исцрпен и ги разочара масите.

 

Грција, модерна полу-колонија во јужниот дел на Европа, е најистакнат пример за бруталното гушење кое посиромашните европски земји го имаат од рацете на ЕУ и империјалистичките монополи. Сепак, Грција, исто така, беше во првите редови на Европската класната борба во текот на изминатите неколку години, со околу 40 генерални штрајкови кои се случија во таа земја. Како резултат на тоа, левата реформистичка СИРИЗА победи на изборите во јануари 2015 година. Според нејзината природа, како буржоаска партија на работниците, тие отворено ја предадоа работничката класа со формирање на Народен фронт со десничарската расистичка партија АНЕЛ и со капитулирање пред програмите за штедење наметнати од ЕУ и покрај огромната победа за Oxi ("Не") на референдумот на 5 јули.

 

Засилените противречности на капитализмот ја провоцираат класната борба, а воедно и нападите на буржоазијата во сите делови на светот. Во Кина - капиталистичка земја која стана дом на најголем број на милијардери во светот, како и на вториот најголем број на мултинационални корпорации - работниците и сиромашните во руралните подрачја се стекнуваат со сѐ поголема смелост во изразувањето на својата одвратност кон капиталистите, менаџерите и бирократите . Според Хонг-Коншкиот Кинески Билтен за работни односи (China Labour Bulletin), пријавениот број на штрајкови и протести во земјата се дуплира секоја година од 2011 па наваму. Слично на тоа, на 2 Септември 2015 Индија е сведок на еден од најголемите генерални штрајкови во нејзината историја со 150 милиони учесници . Во Пакистан, исто така, работниците продолжуваат да се спротивставуваат на шефовите и владините планови за приватизација, како што е примерот со активностите на работниците од енергетскиот сектор. Во Тајланд, работниците и сиромашните селани сѐ уште страдаат од сериозниот пораз во мај 2014 година кога војската започна реакционерен пуч за соборување на буржоаско-популистичката влада на премиерот Јинглук Шинаватра.

 

Во Јужна Африка работничката класа и младите продолжија да се борат против владата на народниот фронт ANC на Џејкоб Зума, покрај грозоморниот масакр на Марикана во август 2012 година. Поделбата во федерација на синдикати COSATU со отцепување на најголемиот синдикат, NUMSA , беше вистински чекор напред, како што беа и обидите на вториве да се формира ново политичко движење. И покрај неговите реформистички слабости, овој проект се надевам ќе доведе до формирање на нова партија на работниците. Исто така, масовните протести на работниците и сиромашните во Бурунди против својот долгорочен диктатор Пјер Нкурунѕиза (Pierre Nkurunziza) покажа дека африканските маси не се подготвени да потклекнат на реакционерните диктатори, лакеји на империјализмот.

 

Сепак, и покрај нивната херојска борба, работничката класа и угнетените не беа во можност да го запрат поривот на програмите за штедење на буржоазијата, антидемократска офанзива и империјалистичката војна . Уште полошо, во голем број земји владејачката класа започна контра-офанзива.

 

На Блискиот Исток и Северна Африка, Големите сили и нивните локални потрчковци продолжуваат да се обидуваат да ја задушат Арапската револуција преку поддршка на стари и нови диктатури, како и со помош на странски воени интервенции.

 

Во Латинска Америка, важни сектори на буржоазијата започнаа контра-офанзива, со цел да се соборат популистичките и народно-фронтовски влади. Тие веќе ја турнаа владата на Кирчнер во Аргентина, значително ја ослабеа владата на Мадуро во Венецуела и се неуморни во нивните обиди за отповикување на Дилма Русеф во Бразил.

 

Во Европа, владејачката класа ги камшикува со шовинизам мигрантите - особено со муслиманско потекло - и почна систематски процес на милитаризација и домашна репресија. Францускиот претседател Франсоа Оланд прогласи три месеци на вонредна состојба (со поддршка на екс-сталинистичките PCF и Фронтот де Гош!), со значително проширување на моќта на правната сила на репресивниот државен апарат и забрзување на империјалистичката воена интервенција во Сирија. Британија и Германија ја следеа со истото брзо темпо. Владеачките класи на империјалистичката ЕУ се плашат од масата бегалци кои доаѓаат во Европа (околу еден милион во 2015 година) и се обидоа да ги натераат луѓето да заборават дека тие се соочуваат само со последиците од варварскиот светски поредок на буржоазијата!

 

Сите овие случувања го означија почетокот на една нова политичка фаза: привремена фаза која се карактеризира со глобалните контра-офанзиви на владеачката класа што води кон повеќе програми за штедење, домашна репресија и империјалистички војни и која ќе предизвика масовен отпор на работничката класа и угнетуваните .

 

За жал, работничката класа и угнетените патат од недостаток на револуционерно водство. Наместо тоа, нивниот отпор е задушен од реформистичката, популистичка, и бирократска природа на нивните сегашни лидери. Официјалните шефови на синдикатите и граѓанските организации, на реформистичките и буржоаски и ситнобуржоаски популистички партии (на пример, на Кастро-чавистите, Кирчнер и Русеф и PT Лула во Латинска Америка, СИРИЗА во Грција и другите социјалдемократи во Европа, сталинистите во Индија и маоистите во Непал), како и на различните гранки на исламизмот (на пример, на Муслиманското братство, различни бунтовнички групи во Сирија или Хутистите во Јемен) - сите тие не успеаја да им понудат на работниците и народните маси излез од капиталистичката беда и понижување. Нивната политичка природа - без оглед на нивните официјални "радикални" прокламации - е да се остане или да се стане дел од државниот апарат на владејачката капиталистичката класа. Затоа, воопшто не изненадува тоа што тие често биле, или се стремат да станат, сојузник на една или повеќе империјалистички Големи сили.

 

Центристите со различни нијанси - "револуционерите" на зборови, а опортунисти со дела - се дел од проблемот, не се решение. Како општо правило, тие се адаптираат во опортунизам директно на бирократскиот апарат на големите организации и со тоа, индиректно, на оваа или онаа империјалистичка Голема сила. Ние конкретно именуваме, меѓу другите: CWI предводена од Питер Тафе, ИМТ на Алан Вудс, Ламбертистичката како и Манделистичката НПА во Франција кои постојано не успеваат да го поддржат отпорот против империјалистичката окупација во оние земји кои се жртви на империјалистичките сили (на пр, Авганистан, Ирак, Мали, итн); Morenoite LIT кои го поздравија реакционерното евро-Мајдан движење во Украина, како и државниот удар во Египет (како што направи и ИМТ); Француските центристи како LO кои поддржуваат сузбивање на правото на женските муслимани да носат хиџаб во училиштата; Британските центристи кои го поддржаа шовинистичкиот штрајк во 2009 година "Британски работни места за британски работници", го осудија августовското востание во 2011 година и кои се противат на "Отворени Граници за Мигрантите" (како CWI и ИМТ); разни центристи кои одбиваат да ја бранат сириската револуција, но сакаат да завземат неутрален став (CWI, IMT, ПТС / ФТ); Cliffites (SWP во Британија) кои опортунистички најдоа место за мирен соживот со парламентарната фракција на левата реформистичка и про-ционистичка Линке во Германија, а кои успеаја во политичката апсурдност да прво ја поддржат кандидатурата на Морси и египетското Муслиманско братство во 2012 година, само за потоа да одбијат да го бранат Муслиманското братство од масакрот на генерал Сиси во текот на летото на 2013 година, и конечно отворено да соработуваат со поддржувачите на државен удар во т.н. Патот на револуционерниот фронт; или оние центристи кои често опортунистички се прилагодени на Кастро-чавистите (на пример, Ламбертистите во Бразил) и / или кои од неодамна скандалозно ја поддржуваат десничарската, про-американска опозицијата против Чавез (на пример, Chirino / UIT во Венецуела во 2013 година), или против Бразилската PT влада (на пример, за поддршка на Morenoite LIT и UIT во демонстрациите за про-импичмент).

 

Ние мора да избереме друг пат. Се додека работничката класа и угнетуваните не поседуваат револуционерна борбена партија - на национално ниво, како и во целиот свет - тие не може да успеат во својата борба за ослободување. Затоа најитна задача во следниот период е основање на револуционерни партии и нова Светска Партија на Социјалистичката Револуција. Такви нови револуционерни партии се коваат со класна борба, како и со противење на официјалните раководства – предавничките бирократи на трудот, Социјал Демократијата, Сталинистите, ситнобуржоаските Националисти и Исламисти - кои свесно или несвесно ги водат во заблуда работниците и угнетените.

 

Да се направи значителен напредок во оваа задача, на единството на револуционери од целиот свет е од витално значење. Таквото единство може да постигне да се изгради силна меѓународна Болшевичка организација со единствена програма, како и разбирање на методите на градење на партијата и со тоа да послужи како пред партиска формација за новата Светска Партија на Социјалистичка Револуција (која во нашето мислење ќе биде Петтата Интернационала).

 

Соочени со напредување на контрареволуцијата на почетокот на оваа нова политички фаза, RCIT ги повикува сите искрени револуционерни организации и активисти од целиот свет да се обединат во борбата за автентична Марксистичка - што значи Болшевичка, применета на условите на 21-от век - меѓународна организација . Таква меѓународна организација има потреба од теоретска и практична јасност. Мора да биде врз основа на заедничко разбирање на примената на револуционерната програма за главното прашање на денешната меѓународна класна борба. Тие не само што мора да го проповедаат патот кон ослободувањето, но исто така мора да ги наведат и да се борат против сите пречки. Со други зборови, мора да има борба против бројните леви реформистички и центристичките сили кои дезориентираат и ја доведуваат во заблуда работничката класа, под знамето на "Марксизмот" - што претставува "Марксизам" лишен од својата револуционерна острина, "Марксизам" погодно и опортунистички адаптиран за сите можни раководства на не-работничката класа (реформисти, популисти, исламисти, итн), или "Марксизам" кој вегетира секташки пензиониран од класната борба.

 

 

 

За Револуционерниот Пристап кон Горливите Прашања на Светската Класна Борба

 

 

 

Програмската јасност и единство треба да се проверува, врз основа на најважните прашања на класната борба во светот денес, како што се следниве:

 

* Одбрана на Арапската револуција од странските и домашните непријатели! Долу на реакционерните диктатури во Сирија, Египет, како и на монархиите од Заливот! Нема да се врати на власт екипата на Бен Али во Тунис! Против бандата на Генерал Хафтар во Либија! За работниците и селанските републики!

 

* Меѓународна солидарност со тековната Сириска Револуција! Продолжување на борбата додека целиот Баатистички државен апарат не е срушен! Долу на воените интервенции на руски и француски, американски, британски и германски империјализам! Не на било кое преговарачко решение од страна на големите сили! За правото на курдскиот народ за национално самоопределување! Долу на реакционерната Даеш!

 

* Да се смачка империјалистичкиот Апартхејд Држава Израел! За Демократска, Палестинска, Мултинационална и Социјалистичка Работничка и Фалахин Република од реката до морето ("за Слободна, Црвена Палестина!")! Не на било кое дводржавното решение! Победа на Палестинскиот Отпор! За меѓународна работничка и народна солидарност во кампањата на бојкотот!

 

* Долу на империјалистичките агресии и војни! Во Авганистан, Ирак, Сирија, Јемен, Мали, Сомалија и Северна Кореја: Пораз на империјалистичките НАТО и Руски сили и нивните локални сојузници! Ние сме на страната на оние кои се спротивставуваат на империјалистичките напаѓачи без политичка поддршка за националистите, исламистите или сталинистичките сили!

 

* Стоп на контрареволуционерната офанзива во Латинска Америка! Не за отповикување на владата на Русеф во Бразил! Не на десничарската Макри влада во Аргентина! За масовен и обединет фронт на работниците и граѓанските организации кој треба да ги вклучи и оние кои се под влијание на реформистите и популистите (како Кирчнеристите, Кастро-чавистите, итн)! Но, без политичка поддршка на било која буржоаско-популистичка или влада на народен фронт! Експропријација на мултинационалните корпорации од САД, ЕУ и Кина! Бранете ја Аргентина од британскиот империјализам и клоцнете ја Британија надвор од Малвини!

 

* Бранете ги демократските права против диктатурите и полу-диктатурите! За масовно обединет фронт на работниците и граѓанските организации - вклучително и оние предводени од реформисти, популистички и исламистичките сили - против реакционерните Бонапартански режими (како на пример, во Египет, Тајланд, Бурунди, итн)

 

* Поддршка во борбата на сите обесправени нации за самоопределување! Слобода за Азавад (Мали), Чеченија, Источен-Туркменистан (Кина), Балочистан, Кашмир, Северна Ирска, Баскија, Каталонија, и сите други обесправени народи! Поддршка на борбата на афро-американското малцинство во САД (како движењето Црниот Живот Значи), како и на домородното население во Северна и Јужна Америка за ослободување!

 

* Еднакви права за мигрантите! Без контрола на имиграцијата во империјалистичките земји! Еднакви плати и целосни граѓански права! Еднаквост на мигрантите и јазиците на националните малцинствата во областа на образованието и јавната администрација! За револуционерно движење на мигрантите!

 

* Борба против шовинизмот и милитаризација во Европа! Укинување на вонредната состојба во Франција! Без ангажирање на армијата на европските улици! Сите европски трупи надвор од Северна Африка и Блискиот Исток! Одбрана на муслиманските мигранти од исламофобија и расизам! Еднакви права за муслиманите! Не на масовните апсења на исламистите! Отворете ги границите за бегалците!

 

* Генерални штрајкови против штедачката офанзива! Запрете ги нападите врз платите и работничките права! Нема повеќе приватизации! Да се избрише јавниот долг! Национализирајте ги сите компании кои отпуштаат работници или прогласуваат банкрот и ставете ги под контрола на работниците! Експропријација на банките и корпорациите!

 

* Поддршка на борбата на грчките работници и сиромашните против ЕУ-Тројката! На бескраен генерален штрајк против Третиот Меморандум! Излезете од ЕУ и борете се за власт на работниците! Смачкајте ја империјалистичката ЕУ со Социјалистичка Револуција! За Обединети Социјалистички Држави на Европа!

 

* Смрт на сите империјалистички Големи сили - САД, ЕУ, Јапонија, Кина и Русија! Во кој било политички, економски или воен конфликт помеѓу овие Големи сили, работничкото движење не смее да даде било каква поддршка на некој од нив, туку да ја следи програмата Ленинистичка на револуционерниот дефетизам и да изјави: Главниот непријател е дома!

 

* За женското ослободување преку социјалистичката револуција! Поддршка на борбата на Далит и другите жени во Индија против систематското угнетување! За единиците на самоодбрана на работниците и сиромашните да ги бранат жените од насилство! Еднакви плати за жените! За социјализација на домашна работа! За револуционерната работничка класа за движење на жените!

 

* За ослободувањето на младоста! Долу на државната репресија кон младите! Одмазда за убиството на 43 студенти од Ајоцинапа во Мексико! Солидарност со борбата на младите мигранти против угнетувањето во Франција и Велика Британија! Поддршка на протестите на јужноафриканските студенти! За револуционерно младинско движење!

 

Спротивно на реформистичките бирократи како Кастро-Чавистите, Партија на Европската Левица или револуционерите на Индискиот КП, ја одбиваат илузијата дека овие непосредни барања, а не пак целата програма, може да се реализира во рамките на капиталистичкиот систем. Дури и привременото спроведување на таквите барања не може да се постигне преку реформистички методи, со фокус на избори, парламентарната работа и реформи. Капитализмот во распаѓање е неспособен да понуди значајни трајни реформи.

 

Наместо тоа, револуционерите инсистираат дека ослободителната борба мора да биде спроведена со средства за бескомпромисна класна борба и со унапредување на самоорганизирањето на работниците и угнетените. Ова е причината зошто револуционерите ги поддржуваат сите форми на масовна борба диктирана од конкретните околности - почнувајќи со масовни демонстрации, штрајкови и генерални штрајкови, окупации до вооружени бунтови и граѓански војни. Слично на тоа, револуционерите се јавуваат во секоја борба со учество за формирање на комитети за акција на работниците, младите и народните маси; на работните места, во населбите, селата, училиштата и универзитетите. Понатаму, револуционерите се јавуваат при формирање на самоодбрамбени единици за да ги одбрани штрајкувачите и демонстрантите, како и мигрантите или бегалците од полицијата и фашисти. Во ситуации на акутни класни борби , таквите тела може да се прошират така што комитетите за акција може да станат совети (како на Советите во Русија во 1917 година) за поддршка на народните милиции составени од вооружените работници.

 

Ние одбиваме било каква форма на секташтво во масовните организации на работничката класа. Примената на тактика на обединет фронт кон синдикатите и другите работници и популарни масовни организации е основен елемент во остварувањето на стратешката цел за одвојување на работничката класа далеку од бирократските предавници на трудот. Таквите тактики мора да се фокусираат на практични активности и мора да вклучуваат мобилизирање и организирање на обичните членови, поставување барања кон лидерите, предупредувајќи ги работниците да немаат илузии во бирократското лидерство, како и во независната агитација и пропаганда. Оттука, тактика на обединет фронт мора да оди рака под рака со острата осуда на бирократијата и одбивање на било какво поврззување со стратешки блок од "левата" фракција на бирократијата.

 

Работата во рамки на синдикати и други масовни организации, со цел да се револуционизираат останува клучна. Комунистите треба да се организираат во фракции и да помогнат да се изгради широко движење со воена поставеност, за да се бори против привилегираната бирократијата и на крајот да ја собори. Сепак, револуционерите се исто така свесни дека во синдикатите обично се организираат само мал број на работничката класа. Слично на тоа, со синдикатите често доминираат аристократијата на трудот, или од страна на подобро-од (подобро ова отколку полошо) сектори на пролетаријатот. Значи, е од клучно значење да се искористат сите можности за изградба на фабрички комисии и слични борбени тела со цел да се прошири базата за организирање на работници. Понатаму, револуционерите мора да се стремиме да се организираат пониските слоеви на работничката класа и угнетуваните слоеви во сојузи и да се донесат претставниците на овие слоеви во лидерски позиции, така што доминацијата на аристократскиот слој може да се елиминира.

 

Револуционерите мора да го комбинираат сворето учество во класната борба со изготвување на програма за работничката класа на власт. Ова значи целосно одрекување од Европските леви партии, сталинистите и разни центристи (на пример, CWI, ИМТ) кои проповедаат мирен, парламентарен пат кон социјализам. Тоа значи борба за изградба на акциски совести на работниците, селаните и сиромашните, на вооружени популарни милиции, за експропријација на капиталистичката класа и за владата на работниците во сојуз со селаните и урбаните сиромашни и врз основа на локалните совети и милиции. Тоа значи подготовка на работничката класа за вооружено востание, граѓанска војна и диктатура на пролетаријатот како единствено средство со кое пролетаријатот може да ги унапреди во борбата за ослободување.

 

 

 

Меѓународна револуционерна организација, како основна алатка за борба за Програмата

 

 

 

Ова се некои од најважните прашања на светот за класната борба денес. Програмскиа јасност за тоа што да се прави и што да не се прави, се основни за одржливо револуционерно единство. Сепак, тоа не е доволно за да се договори програмата. Мора да знае секој како да се бори за програмата. На кратко, она што е потребно е сличност на видот на борбена организација, која е алатка за спроведување на програмата во реалност преку класната борба.

 

Револуционерите ги отфрлаат сите концепти кои ги имаат т.н. "широки, плуралистички, левичарски партии", како начин за напредок. Секако, ние сме за што поголема организациска и тактичка флексибилност на политичките формации кои ги претставуваат слоевите на радикализираните работници и угнетените (вклучувајќи тактика како да се влегува во таквите партии како револуционерна фракција или повикување на нови членки на работниците). Но ние категорично го отфрламе концептот на "плуралистичко, левичарски партии", како начин да се оди напред, бидејќи тоа обично значи единство на бирократите и на работниците, на поддржувачите и противниците на империјалистичките војни, поддржувачи на мирен, парламентарен пат, како и на револуционерниот пат . На кратко, "Лева Единство" е она што ќе ја парализира само револуционерна активност, па е бескорисно единство. Што работничката класа треба е револуционерна борбена партија и тоа треба да е јавно објавено.

 

Борбата за автентична револуционерна светска партија во традицијата на Маркс, Енгелс, Ленин и Троцки е најважниот предизвик за комунистите денес. Секако, во овој момент ние сме премногу малку во број, а и не доволно вкоренети во работничката класа. Но големите достигнувања во историјата на човештвото никогаш не се дарови од небото, туку се постигнуваат со напорна и систематска работа. Формирање на организирана меѓународна единица на решителни револуционерни работници и угнетени, врз основа на заедничка програма и заедничко разбирање на нивните практични и организациски методи е најважниот предуслов за изградба на ваква нова, револуционерна интернационала. Тоа ќе биде од помош во придобивањето на дополнителните, пошироки сектори на претходница на работниците подоцна.

 

Не постои национален пат да изградиме светска партијата, но само еден меѓународен пат. Оттука, вистинска револуционерна партија, како и пред партиско организирање мора да постои како меѓународно формирано од самиот почеток. Без некоја меѓународна организација, национал центризмот и конечно националистичките отстапувања се неизбежни - како што не постои свест без материја и дух без тело.

 

Слично на тоа, револуционерна партија, како и пред партиско организирање мора да биде врз основа на организациските методи на болшевизмот (демократскиот централизам, кадровска организација и сл.) Треба да се ориентира кон освојување на најдобрите милитанти меѓу работничката класа и угнетуваните - особено оние од долниот и средните нејзините слоеви. Значи, ние ја одбиваме ориентацијата на поголемиот дел од центристичката организација кон интелегенцијата на средната класа, како и бирократијата на трудот и аристократијата. Таква работа не може да се спроведе само со помош на пропаганда, но треба да се комбинираат со давање пример меѓу масите.

 

Другари, ние живееме во таква комплексно, бурно време, што е толку полно со промени и турболенции - тоа е време да се надминат рутините и да се направат големи чекори напред! RCIT ги повикува сите борци за ослободување на работничката класа и на угнетените луѓе од целиот свет да ги здружат силите во борбата за изградба на нова светска револуционерна партија. Заради различни традиции и позиции, може да биде потребно да се формира првиот блок или Комитетот за врски помеѓу неколку организации, пред да може да се постигне револуционерно единство. Без оглед на привремените фази , целта мора да биде иста: револуционерно единство за да се изгради нова светска партија на социјалистичката револуција!

 

 

 

Нема иднина без социјализам!

 

Нема социјализам без револуција!

 

Не револуција без револуционерна партија!

 

 

 

Ние ги охрабруваме сите организации и активисти кои го делат општиот поглед на ова отворено писмо да не контактираат нас и да ни ги испратат нивните идеи и критики, така што можеме да разговараме за конкретни чекори кон заедничка дискусија и соработка: rcit@thecommunists.net

 

RCIT има секции и активисти во Пакистан, Шри Ланка, Јемен, Тунис, Израел / Палестина Окупирана, Бразил, Велика Британија, Германија, САД и Австрија.

 

За пообемен преглед на ставовите на RCIT сите кои се заинтересирани ги покануваме да ја посетат нашата веб страница, а особено делот за програмата на RCIT: Револуционерниот Комунистички Манифест, www.thecommunists.net/rcit-manifesto